Освен надворешно раселени, УНХЦР наведува дека повеќе од седум милиони луѓе биле раселени во внатрешноста на Украина, а во последните недели, како што наведе Агенцијата, заминувањето на Украинците од земјата е намалено во однос на почетокот на војната
Повеќе од пет милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, соопшти Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).
Според податоците објавени од УНХЦР на 20 април, 5 034 439 Украинци ја напуштиле земјата.
Повеќе од половина од нив, односно над 2,8 милиони избегале во Полска. Следна е Романија, каде што побегнале околу 757 047 лица, а по неа следува Руската Федерација каде што се засолниле 549 805 украински бегалци од почетокот на руската инвазија во Украина.
Во Унгарија од војната побегнале 471 080 Украинци, а 426 964 бегалци се засолниле во Молдавија, додека во Словачка избегале 342 813 лица. Најмалку бегалци има во Белорусија – 23 759.
Освен надворешно раселени, УНХЦР наведува дека повеќе од седум милиони луѓе биле раселени во внатрешноста на Украина, а во последните недели, како што наведе Агенцијата, заминувањето на Украинците од земјата е намалено во однос на почетокот на војната.