Во последните недели илјадници цивили успеаја да побегнат од разурнатиот град, но Украина соопшти дека голем број луѓе кои се обидувале да побегнат биле нападнати од руската војска

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва преку видеообраќање рече дека ситуацијата околу градот јужниот град Мариупол, но во регионот на Донбас на истокот на Украина, и понатаму е тешка.
Русија, според неговото тврдење, ги зголемува воените сили во близина на опколениот град Мариупол.
„Ќе има битни, сè уште треба да изодиме тежок пат за да добиеме сè што сакаме“,
рече Зеленски.
Ваквото обраќање на украинскиот претседател доаѓа откако претходно Русија соопшти дека утре ќе дозволи отворање на хуманитарен конвој со цел да се евакуираат цивилите.
Претходно се огласија и од Црвен крст порачувајќи дека конвој автобуси се движи кон опколениот град и со него може да бидат спасени дестици илјади цивили.
Во последните недели илјадници цивили успеаја да побегнат од разурнатиот град, но Украина соопшти дека голем број луѓе кои се обидувале да побегнат биле нападнати од руската војска.