Поранешната бугарска вицепремиерка со Маричиќ ги споделила научените лекции од пристапниот процес на Бугарија и порачала дека тоа ќе биде најдобриот период за земјата бидејќи ќе даде ново темпо на реформите

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, кој е во работна посета на Стразбур, порача дека сега е клучен момент да се надминат разликите со Бугарија и Северна Македонија да започне преговори со ЕУ.
Пораката на Маричиќ од Стразбур доаѓа по средбата со Маглена Кунева, која е амбасадорка на ЕУ при Советот на Европа, а и поранешна вицепремиерка на Бугарија за координација на европските политики и институционални прашања.

„Кунева, ги сподели научените лекции од пристапниот процес на Бугарија и кажа дека тоа ќе биде најдобриот период за земјата кој ќе даде ново темпо на реформите и нова енергија на администрацијата, клучна во пристапниот процес. Мора да сме заедно ако сакаме да успееме, се согласивме со Амбасадорката на ЕУ Кунева, која даде силна поддршка на новиот дијалог којшто го имаме со Бугарија, со верување дека брзо ќе ги надминеме разликите и ќе ги започнеме преговорите со ЕУ, бидејќи сега е клучен момент за тоа“,
вели Маричиќ.
Тој додава дека поддршката од Кунева доаѓа во моменти кога Секретаријатот за европски прашања е во фаза на подготовка и подготовка на капацитетите на преговарачките тела.