Причина за пожарот е запалено ѓубре во непосредна близина, а огнот поради силниот ветер го зафатил магацинот
Четири противпожарни возила со 15 пожарникари од Штипската противпожарна бригада со помош на колеги од Свети Николе и Кочани го гасат пожарот што денеска околу 12:30 часот избувнал во магацин на компанија што се занимава со трговија со детски играчки и друга опрема.

Според пожарникарите на теренот, дојавата ја добиле нешто по 12:30 часот по што започнале со гаснење на пожарот. Тие сметаат дека за брзо време ќе се локализира бидејќи не е проширен на околните објекти.



Во магацинот, според густиот црн чад, најверојатно гори најмногу пластика.
Причина за пожарот е запалено ѓубре во непосредна близина, а огнот поради силниот ветер го зафатил магацинот.