Судскиот совет денеска одржа работен состанок во врска со случајот „Палермо“ и присуството на фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Италија на судијата Лазар Нанев, кој заврши со победа на нашата репрезентација од 0-1, информираа од Судскиот совет.
„Тргнувајќи од основните заложби на Судскиот совет за враќање на довербата на граѓаните во судството, а во рамките на своите законските овластувања, советот го испитува случајот кој деновиве ја разбранува јавноста. Во врска со евентуално прекршување на етичките норми напоменуваме дека во Здружението на судии постои Совет за етика чие мислење ќе го имаме предвид. Откако Судскиот совет ќе ги провери сите релевантни наводи за овој случај, навремено ќе ја извести јавноста за понатамошните активности“,
се вели во соопштението на судскиот совет.
Нанев на 24 март беше во ложата на стадионот во Палермо заедно со министерот за правда Никола Тупанчевски и вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи.
Судијата Нанев, кој е претседател на Основен суд Кавадарци, е и долгогодишен фудбалски работник, поранешен член на Управниот одбор и други работни тела на ФФМ.