Фудбалската федерација на Македонија ќе ги награди репрезентативците со премија во висина од околу 4,5 милиони евра во случај на победа вечерва против Португалија што би значело и пласман на Светското првенство годинава.
Оваа информација за МИА ја потврдил портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски вечерва од 20:45 часот во Порто ќе го почнат финалниот дуел од плејофот за пласман на Мундијалот во Катар. Противник ќе им биде Португалија која важи за апсолутен фаворит.
Претходно, премиерот Димитар Ковачевски вети премија од половина милион евра доколку нашите фудбалери успеат да се пласираат на Светското првенство.