Како што соопштија од СВР Битола, тој е приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава
Маж со иницијали И.М. (48) е приведен од страна на полициски службеници од СВР Битола откако бил затекнат при кражба на нафта од резервоарот на парното греење во средното медицинско училиште.

Кај него, како што соопштуваат од СВР Битола, биле пронајдени 12 туби со вкупно 260 литри нафта.
„На 29.03.2022 во 05.15 часот на ул. ‘Македонска фаланга’ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.М. (48) од Битола. Тој бил затекнат при кражба на нафта од резервоарот на парно греење во средното медицинско училиште. Кај него биле пронајдени 12 туби со вкупно 260 литри нафта“,
соопштуваат од СВР Битола.
Како што додаваат оттаму, тој е приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава.