Резолуцијата е усвоена на предлогот од Турција и од Пакистан до Генералното собрание на ОН во име на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ)
Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која 15 март го прогласи за Меѓународен ден против исламофобијата.
Резолуцијата е усвоена на предлогот од Турција и од Пакистан до Генералното собрание на ОН во име на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ).
Со резолуцијата се апелира на зајакнување на меѓународните напори засновани на почитување на верските и човековите права, промовирање на култура на толеранција, мир и глобален дијалог.
Во документот силно се осудува сите акти на насилство врз поединци и врз верските објекти поради нивните религиозни убедувања.
Постојаниот претставник на Турција во ОН, Онџу Кечели пред ГС на ОН истакна дека дискриминација врз основа на религијата е апсолутно неприфатлива во демократија и треба да биде осудена, вклучително и исламофобијата и антисемитизмот.
„Исламофобијата е реална и растечка закана за човештвото денес и дека се манифестира во многу форми како што се расизам, ксенофобија, нетолеранција и насилство“,
посочи Кечели.