Дмитриј Гурин вели дека градот е без греење, гас и струја, а луѓето собираат снег за да имаат вода
Дмитриј Гурин, пратеник во украинскиот парламент, за Скај њуз изјави дека Русија бомбардира цивилна инфраструктура во пристанишен град на Црното Море.
Тој додаде дека се блокирани снабдувањето со храна и вода, додека зелените коридори се опколени од руските сили, пренесува МИА.
„Мариупол е без греење, гас, струја и вода. Луѓето собираат снег за да имаат вода, а за три до пет дена нема да има повеќе храна и повторно ќе има глад. Глад во срцето на Европа“,
рече тој.
Детската болница и породилиштето денеска беа погодени од неколку проектили, а се претпоставува дека под урнатините има луѓе.
Гурин рече дека, според досегашните информации, повредени се седумнаесет жени, вработени во болницата.
