Сите жени и девојки кои денеска преминаа во Романија од Украина на романскиот граничен премин „Сирет“ добија свежо цвеќе од граничните полицајци, пожарникарите или болничарите во земјата по повод Меѓународниот ден на жената

Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT
Украинските жени и девојки кои поради воените дејствија во Украина денеска ја напуштија земјата и решија да се засолнат во соседна Романија добија цвеќе од страна на романските гранични службеници, во чест на Меѓународниот ден на жената – 8 Март.

Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT
Сите жени и девојки кои денеска преминаа во Романија од Украина на романскиот граничен премин „Сирет“ добија свежо цвеќе од граничните полицајци, пожарникарите или болничарите во земјата по повод Меѓународниот ден на жената.

Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT
Воената агресија на Русија врз Украина влезе во 13. ден од нејзиниот почеток, а бројот на бегалци кои бегаат од војната надмина два милиони, објавија денеска ОН, со што оваа криза станува најбрзорастечка од Втората светска војна.
Според податоците на Агенцијата за бегалци на ОН, во Романија досега избегале над 82 илјади Украинци.