Тој на Фејсбук објави неколку примери на маркети кои одлучиле да ја задржат цената на лебот од 25 до 27 денари и покрај кризата
Ја поддржуваме одлуката на дел од синџирите маркети во државата кои донесоа одлука за време на криза да ги задржат цените на лебот од 25 до 27 денари, објави на својот фејсбук-профил министерот за економија Крешник Бектеши и ги повика останатите трговци да ја следат одлуката и да бидат солидарни во време на глобална криза.
„Во оваа глобална криза дел од маркетите во државата одлучија да не ја покачуваат цената на лебот и таа останува од 25 до 27 денари“,
напиша министерот Бектеши на својот фејсбук-профил откако синџирот на супермаркети „Кипер“ објави дека цената на лебот во нивните супермаркети ќе го задржи по цени од 25 до 27 денари.
„Ги повикувам и другите маркети да го следат овој пример во време на криза и да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови. А Владата подготвува мерки за да се ублажи кризата“,
напиша министерот Бектеши.