Мордашов има бизниси во металната, енергетската и рударската индустрија. Лани „Блумберг“ го процени личното богатство на овој руски олигарх на 25,8 милијарди американски долари што го прави четвртиот најбогат човек во Русија. Според рангирањето на „Форбс“, кој ги зема предвид и имотот на целото семејство, Мордашов е прв на листата меѓу руските милијардери со проценето богатство од 29,1 милијарди долари
Италијанската полиција ја заплени јахтата Лејди М, вредна 65 милиони евра, која му припаѓа на рускиот олигарх Алексеј Александрович Мордашов, а се наоѓала во регионот Лигурија.
Запленувањето е извршено согласно новите санкции на Европската унија против Русија поради инвазијата врз Украина.
Мордашов е главен акционер во „Северстал“, руски конгломерат со бизниси во металната, енергетската и рударската индустрија. Минатата година, „Блумберг“ го процени личното богатство на овој руски олигарх на 25,8 милијарди американски долари што го прави четвртиот најбогат човек во Русија. Според рангирањето на „Форбс“, кој ги зема предвид и имотот на целото семејство, Мордашов е прв на листата меѓу руските милијардери со проценето богатство од 29,1 милијарди долари.
Ваква акција, како што јавуваат регионалните медиуми, се очекува да спроведе и Хрватска каде руски правни и физички лица имаат свои имоти. Таму замрзнувањето на имотот на руските олигарси ќе се одвива на тој начин што секоја институција во земјата ќе го спроведе запленувањето во оној дел што е во нејзина надлежност. На пример, МВР ќе биде надлежно за возилата, пристанишната капетанија за бродови, берзата на акции, а за сметките допрва ќе се одлучува дали ќе одлучува ФИНА или банките.
На црната листа на олигарси во ЕУ досега има околу 700 правни и физички лица, а како што пренесуваат хрватските медиуми, неофицијално во Хрватска ги има најмалку 80.