Доскорешниот вицепремиер за европски прашања и поранешен шеф на дипломатијата, Никола Димитров денеска на социјалните мрежи, по најавата на бугарскиот премиер, Кирил Петков, во изјава за „Еуроактив“, дека со македонскиот премиер ќе достават заеднички предлог до Европската комисијата, Брисел да биде гарант дека Бугарите ќе влезат во македонскиот Устав во текот на преговорите со ЕУ, напиша: „Значи ние самите бараме бугарското барање да стане европско“
Наше е барањето да има еден сеопфатен документ со кои ќе се затворат сите политички прашања со Бугарија и со чие решавање тие ќе се затворат еднаш засекогаш. Не е бугарско барање, изјави во вечерашната Топ Тема, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на прашањето, дали Македонија со ваквиот став можеби крева „бело знаме“ пред бугарските уцени во ЕУ интегративниот процес.
Според Османи, погрешна е перцепцијата дека ваквиот став најавува поместување од македонските позиции, туку напротив нивно зацврстување.
„Тоа не е поместување од нашите позиции туку нивно зацрвстување да ги добиеме гаранциите од Бугарија. Разговорите се движат во рамки на Резолуцијата која е усвоена во Собранието“,
рече Османи.
Во однос на тоа што се би опфатил тој документ и како со него ќе се решат отворените прашања, Османи не сакаше да коментира во детали, оценувајќи дека преговорите се во покритична фаза и затоа тој ќе биде воздржан.
Тој ги повтори досегашните ставови дека целиот спор е покренат со оспорувањето на преговарачката рамка, што го блокира преговарчкиот процес, која од 27-те земји членки на ЕУ, единствено ја оспорува Бугарија, и тоа поради прашањето на македонскиот јазик и имплементацијата на Договорот за добрососедство од 2017 година, кој ги вклучува историските прашања, говорот на омраза, прашањето на рехабилитација на жртвите од комунизмот и прашањето за внесување на бугарската заедница во Уставот.
Османи истакна дека сега позициите се разјаснети, проблемот е дефиниран и може полесно да се реши, притоа посоувајќи дека позицијата на претходната бугарска влада била нејасна, а потоа преку експертски разговори тие позиции се разјаснети и се дел од еден политички пакет.
Тој беше дециден дека за јазикот не се преговара како и тоа дека патоказот за имплементација на Договорот не може да биде дел од реговарачка рамка, но не поради тоа шт ние тоа го сакаме, туку, кко што рееч поради тоа што ЕУ не сака билатерлни прашања во овој процес.
„Имаме јасни позиции за тоа за што може да се разговара, а што не, и тоа им го кажавме и на властите во Софија и на нашите европски партнери“,
рече Османи.
Доскорешниот вицепремиер за европски прашања и поранешен шеф на дипломатијата, Никола Димитров денеска на социјалните мрежи, по најавата на бугарскиот премиер, Кирил Петков, во изјава за „Еуроактив“, дека со македонскиот премиер ќе достават заеднички предлог до Европската комисијата, Брисел да биде гарант дека Бугарите ќе влезат во македонскиот Устав во текот на преговорите со ЕУ, напиша: „Значи ние самите бараме бугарското барање да стане европско“.
Ако ова писмо се прати, Владата практично би се обврзала на нешто за кое не е уставно надлежна (измена на Уставот прави Собранието со 80 пратеници) и второ – повторно ние правиме концесија, без притоа да има договор за прашањата што во проблемот со Бугарија нам ни се клучно важни, како на пример – чист македонски јазик во преговарачката рамка“,
пишува Димитров на Фејсбук.
Според него, ова или води кон целосна победа/пораз или кон отежнување на каков било договор во иднина, бидејќи со оваа тактика јасно е оти ќе останат како нерешени само прашањата што нам ни се суштествени.