Невремето со налети на ветер на ниво на ураган парализираше делови од државата. Холандскиот железнички и јавниот превоз е во прекин, а училиштата и центрите за тестирање и вакцинација се затворени

Најмалку две лица загинаа во силна бура во Холандија, соопштија холандските пожарникари.
Врз едно лице попладнево во Амстердам паднало дрво, а во Диемен на истокот на Холандија загина жена откако дрво паднало врз нејзиниот автомобил.
Невремето со налети на ветер на ниво на ураган парализираше делови од државата. Има откорнати дрвја, уништени покриви и превртени камиони. Се урна покрив на фудбалски стадион во Хаг.
Холандскиот железнички и јавниот превоз е во прекин, а училиштата и центрите за тестирање и вакцинација се затворени. Екстремните временски услови предизвикаа откажувања и одложувања на летовите на аеродромот Схипхол во Амстердам.
Метеоролошката служба издаде највисоко, црвено ниво на тревога, за крајбрежните провинции на запад и големи области на север до вечер. Тие предупредија на „опасни ситуации“ поради силните налети на ветар до 130 километри на час.