Француски дипломати за МИА рекле дека Макрон го охрабрил бугарскиот премиер да се продолжи дијалогот за да се најде решение со цел да се отворат преговорите на Северна Македонија со ЕУ
Претседателот на Француската Република Емануел Макрон денеска се сретна со бугарскиот премиер Кирил Петков во Брисел на маргините на Самитот ЕУ – Африканска унија, јавува дописничката на МИА од Брисел.
Макрон и Петков разговарале за кризата во Украина, а потоа се осврнале на спорот помеѓу Бугарија и Северна Македонија.
„Претседателот на Француската Република го охрабри продолжувањето на дијалогот за изнаоѓање решение за спорот што ќе овозможи официјално отворање на преговорите за членство за Северна Македонија и Албанија“,
информираат француските дипломати за МИА.