Во пресрет на состанокот на министрите за одбрана на НАТО, Столтенберг им изјави на новинарите во Брисел дека движењето на руските сили не го потврдува повлекувањето и дека во претходните ситуации Русија ги повлекувала војниците од одредена локација, оставајќи ја опремата за да може лесно да ги врати трупите
Изјавите на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг повеќе не се интересни за Москва, неговите аргументи се несериозни, Русија сака вистински дијалог, изјави портпаролката на руското МНР Марија Захарова, реагирајќи на изјавата на генералниот секретар дека НАТО нема да ја напушти политиката на „отворената врата“.
„Не не интересира, искрено, навистина можам да ви кажам, ова се изјавите на Столтенберг, кој е или генерален секретар на НАТО или банкар, се уште не знам. Ние веќе не сме заинтересирани за тоа. Тоа не е личност чии изјави во Москва ќе се сметаат за сериозни аргументи. Затоа, ќе се фокусираме на сериозен разговор, доколку нашите западни партнери се подготвени на тоа“,
рече Захарова на денешниот брифинг, пренесува РИА Новости.
Во пресрет на состанокот на министрите за одбрана на НАТО, Столтенберг им изјави на новинарите во Брисел дека движењето на руските сили не го потврдува повлекувањето и дека во претходните ситуации Русија ги повлекувала војниците од одредена локација, оставајќи ја опремата за да може лесно да ги врати трупите.
Тој рече дека спротивно на мислењето за вистинското повлекување, НАТО видел дека Русија продолжува со своето воено зајакнување, додавајќи дека се надева оти Русија ќе одлучи да се вклучи во дијалог и „да избере дипломатија наместо конфронтација“, објави Гласот на Америка.
Коментирајќи ја вчерашната изјава на рускиот претседател Владимир Путин, по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц, дека е подготвен да се ангажира со Западот, иако Западот продолжи да ги отфрла клучните барања на Москва за исклучување на можното членство во НАТО за Украина и другите поранешни советски држави Столтенберг повтори дека само земјите-членки на НАТО можат да одлучат кои нации ги исполнуваат условите за влез во алијансата.