Кина би можела да ја искористи украинската криза и да направи нешто „провокативно“ во Азија, во моменти кога западните сили се фокусирани на смирување на тензиите со Русија, предупреди денеска генерал Кенет Вилсбах, началник на американските пацифички воздухопловни сили
„Од гледна точка на тоа дали Кина ќе види што се случува во Европа и ќе се обиде да направи нешто овде во Индопацификот – апсолутно да, поради тоа сме загрижени. Нема да биде изненадувачки ако се обидат со нешто што може да биде провокативно, за да видат како ќе реагира меѓународната заедница“,
рече Вилсбах.
Вилсбах рече дека кога Пекинг изразил поддршка за Русија во конфликтот со Украина, разговарал со својот персонал и другите актери во регионот за можните далекусежни импликации. Со седиште на Хаваи, командата на Вилсбах ќе игра централна улога доколку избие конфликт на Пацификот