Според оваа одлука, се проценува дека меѓу четири и 4,5 милиони луѓе во Франција денеска можат да ја изгубат важноста на сертификатот за вакцинација
Од денеска рокот на важност на потврдата за вакцинација против ковид-19, издадена во Франција, се намалува од седум на четири месеци, јавува француската телевизија BFM TV.
Тоа значи дека оние кои првично се вакцинирани против коронавирусот треба да добијат засилувачка доза најмалку четири месеци по аплицирањето на првите две дози. Досега, периодот за аплицирање меѓу првите две дози од ваквината и дополнителната доза беше седум месеци.
Рокот се намалува и за оние кои се заразиле, а потоа примиле една доза од вакцината, како и за оние кои примиле една доза од вакцината, а потоа се заразиле.
Исклучок е за возрасната група 16-17 години, која не мора да прима трета доза за да ја задржи важноста на потврдата за вакцинација. Од дополнителната доза на антиковид вакцина се ослободени и оние кои го прележале вирусот по примени две дози вакцина.
Се проценува дека меѓу четири и 4,5 милиони луѓе во земјата денеска можат да ја изгубат важноста на сертификатот за вакцинација.