„Унијата ќе обезбеди макроекономска помош до 1,2 милијарда евра, која ќе биде достапна за поддршка на макроекономската стабилизација и програмата за сеопфатни реформи во Украина“, се вели во документот усвоен од европратениците
Европратениците ја одобрија одлуката на Советот на ЕУ за обезбедување нов пакет макрофинансиска помош од 1,2 милијарда евра за Украина.
„Унијата ќе обезбеди макроекономска помош до 1,2 милијарда евра, која ќе биде достапна за поддршка на макроекономската стабилизација и програмата за сеопфатни реформи во Украина“,
се вели во документот усвоен од европратениците.
Откако одлуката на Европскиот парламент ќе биде одобрена, парите ќе бидат префрлени во Киев во две транши од 600 милиони евра за 12 месеци, а оваа помош ќе биде обезбедена во форма на заеми и ќе служи за покривање на платниот биланс на Украина, како што е наведено во програмата на Меѓународниот монетарен фонд.
„Слабеењето на гривната (украинската валута), и покрај интервенциите на Народната банка на Украина, и фактичкото губење на пристапот на владата до пазарите на капитал влијаеше на макроекономската перспектива“,
се вели во документот.
Во документот, исто така, се забележува дека предуслов за макрофинансиската помош на Унијата е ефективното спроведување од страна на Украина на демократските механизми, вклучително и повеќепартискиот парламентарен систем, како и гаранциите за почитување на човековите права.