Од кабинетот на првиот парламентарец велат дека, имајќи предвид дека се опструира работата на Комисијата за избори и именувања, преку
изигрување процедура, предлозите на членовите на Комисијата не може да добијат
зелено светло за да бидат разгледани на пленарна седница
Собранието моментно не може да избере уставни судии поради опструкции во Комисијата за избори и именувања, велат од кабинетот на спикерот Талат Џафери, каде што денеска стигна писмо од претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, а во врска со неекипираноста на оваа институција.
„Собранието, согласно своите уставни надлежности, е информирано за истекот на мандатот на
се наведува во соопштение пд кабинетот на Џафери.
уставните судии. Односно, Собранието, по предлог на Комисијата за избори и именувања,
избира уставни судии од редот на истакнати правници во Северна Македонија.
Имајќи предвид дека се опструира работата на Комисијата за избори и именувања, преку
изигрување процедура и примена на методи што претседателот на Собранието ги има
елаборирано пред јавноста, предлозите на членовите на Комисијата не може да добијат
зелено светло за истите да бидат разгледани на пленарна седница. И во
моментов Собранието не може да избере уставни судии и да овозможи непречено
функционирање на Уставниот суд“,
Кацарска денеска испрати писмо до претседателот на Собранието, во кое изразува загриженост за состојбата со намалениот број судии и бара Џафери да го заложи својот авторитет и во Собранието да се изберат нови четворица уставни судии во најскоро време.
Кацарска посочува дека Уставот ја дефинира Северна Македонија како парламентарна демократија во која поделбата на државната власт е темелен принцип, а Уставниот суд како орган на Републиката ја штити уставноста, законитоста и човековите слободи и права.
„Од тие причини, Ви се обраќам да Ве информирам за ситуацијата во која се наоѓа Уставниот суд и неговото отежнато функционирање во последниот период со само петмина судии, иако Уставот предвидува полниот состав на Судот да биде со девет судии. Ова има влијание при одлучувањето кога често се случува предлогот да не го добие потребното мнозинство, поради што во моментот за 16 предмети не може да се донесе одлука поради недоволно мнозинство. Покрај ова, морам да напоменам дека пред Судот треба да се разгледуваат предмети кои се од врвен интерес за државата, а за кои е потребно да се одлучува во полн состав со што одлуките би имале поголема тежина“,
наведува Кацарска.
Таа изразува уверување дека Џафери е информиран за ситуацијата и дека веќе се бара решение за избор на нови четворица уставни судии.
„Затоа, Ви се обраќам лично да го заложите Вашиот авторитет како претседател на Собранието и заедно со Вашите колеги да изберете нови уставни судии. На крај, дозволете ми да изразам надеж дека Вие и пратениците непосредно избрани од граѓаните, ќе се вложите максимално за процесот на предлагање и избор на судии да се заврши што поскоро со што би се зачувала функционалноста на Уставниот суд“,
вели претседателката на Уставниот суд во писмото до претседателот на Собранието.