Целта на објектот во затворот „Идризово“ е таму да се судат најтешките случаи поради големите трошоци, но и безбедносните ризици за транспорт на осомничените и осудените лица при таквите судења
Ќе профункционира ли конечно судницата во затворот „Идризово“ која се наоѓа во објект изграден со пари од ЕУ и опремен со пари од САД?
Ставањето во функција на оваа судница била една од темите на кои разговарале новиот шеф на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Гаврил Бубевски и новиот министер за правда Никола Тупанчевски.
„На средбата се разговараше за потребите на Основното јавно обвинителство Скопје, како обвинителство со најголем обем на предмети во државата. Од тој аспект беа разгледани можностите за техничка поддршка за опремување на истражниот центар во ова обвинителство и за ставање во функција на судницата во КПУ Затвор ’Идризово‘. Бубевски и Тупанчевски дискутираа и за динамиката на активности на работните групи кои го подготвуваат новиот Кривичен законик и на измените во Законот за кривична постапка. Во тој контекст беше нагласено дека се очекува новите законски решенија да бидат доставени во собраниска процедура до крајот на годинава“,
соопштија од ОЈО Скопје.
Целта на објектот во „Идризово“ е таму да се судат најтешките случаи поради големите трошоци, но и безбедносните ризици за транспорт на осомничените и осудените лица при таквите судења. Ставањето во функција на судницата ви значело и крај на сцените со специјални единици со автопатски пушти распоредени низ центарот на градот, ангажирањето возила, хеликоптери и луѓе за трансфери итн.