Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе ги помилува лицата обвинети за упадот на Капитол на 6 јануари минатата година, доколку повторно стане претседател во 2024 година. Трамп го кажа ова на митинг во Конро, Тексас.
„Тоа е друга работа што ќе направиме и толку многу луѓе ме прашуваат, ако се кандидирам и победам, да бидам фер кон луѓето од 6 јануари. Ќе се однесуваме фер со нив. И ако е потребно помилување, ќе ги помилувам бидејќи се третирани толку неправедно “, рече Трамп, по што доби аплауз на неговите поддржувачи на митингот.
рече Трамп, по што доби аплауз на неговите поддржувачи на митингот.