Внимателно формулираниот одговор од болницата, толкува „Би-би-си“, сугерира дека болницата можеби има и други фактори, освен невакцинираноста, кои ги зела предвид при носењето на одлуката за тргање на пациентот од листата за трансплантации. Оттаму, исто така, нагласуваат дека повеќе од 100 000 луѓе кои се на листите за трансплантација во наредните пет години нема да добијат орган поради недостатокот на органи
Американска болница во Бостон одбила трансплантација на срце кај пациент, а меѓу причините е и тоа што тој не бил вакциниран против ковид-19, пренесува „Би-би-си“.
На 31-годишниот Фергусон, пишува „Би-би-си“, очајнички му е потребно ново срце, но болницата во Бостон го тргнала од списокот за трансплантација, обвинил неговиот татко кој тврди дека вакцината против ковид е една од „главните причини“.
Болницата, пак, во одговор до медиумот наведува дека ја следи својата политика.
„Со оглед дека има недостаток на органи, правиме сè што можеме за да се осигураме дека пациентот кој добива трансплантиран орган има и најголеми шанси да преживее“,
велат од болницата.
Нејзината портпаролка наведува и дека болницата бара кандидатите за трансплантација да бидат вакцинирани и да живеат на таков начин што би имале најдобра шанса за успешна операција, како и да ги оптимизираат нивните шанси за преживување по пресадувањето на органот со оглед дека нивниот имун систем е драстично ослабнат.
Внимателно формулираниот одговор од болницата, толкува „Би-би-си“, сугерира дека болницата можеби има и други фактори, освен невакцинираноста, кои ги зела предвид при носењето на одлуката за тргање на пациентот од листата за трансплантации. Меѓутоа, додаваат од медиумот, портпаролката одбила да зборува за детали повикувајќи се на приватноста на пациентот.
Од болницата во Бостон исто така нагласуваат дека повеќе од 100 000 луѓе кои се на листите за трансплантација во наредните пет години нема да добијат орган поради недостатокот на органи.
Photo: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT