Претседателот на бугарското Народно собрание, Никола Минчев, е позитивен на коронавирусот. Тој се почувствувал лошо по денешниот состанок на седницата на советот за национална безбедност, пишуваат бугарските медиуми. Според овие информации, Минчев веднаш направил тест.
Во следните денови тој онлајн ќе учествува на седниците на 47. Народно собрание на Бугарија, со почитување на претходно усвоените правила.
Бугарските медиуми пренесуваат и дека Минчев и другите учесници на Консултативниот совет за национална безбедност ќе бидат во изолација 10 дена, што, според нив, ја доведува во прашање посетата на премиерот Кирил Петков на 18 јануари на Скопје.