Предавачот на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон, инаку, добар познавач на приликите во регионот, оценува, во интервју за РСЕ, дека „Унијата не прави ништо, како и Германија за време на нејзиното претседавање, со што ѝ дозволува на Бугарија, која секако не е меѓу најмоќните членки, да го спречи официјално Скопје да преговара со Брисел“
ЕУ не прави ништо и со тоа ѝ дозволува на Бугарија, која секако не е меѓу најмоќните членки, да го спречи официјално Скопје да преговара со Брисел, оценува во интервју за Радио Слободна Европа го вели Едвард Џозеф, предавач на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон.
На прашањедали постои замор од проширувањето во ЕУ Едвард Џозеф вели:
„Заморот од проширувањето е голем проблем затоа што тоа е подарок за српскиот претседател Александар Вучиќ, кој на гласачите може да им го претстави како несериозност и незаинтересираност на европските партнери, да укаже на пример на Северна Македонија, која е блокирана од Бугарија на патот кон ЕУ. Унијата не прави ништо, како и Германија за време на нејзиното претседавање, со што ѝ дозволува на Бугарија, која секако не е меѓу најмоќните членки, да го спречи официјално Скопје да преговара со Брисел. Вучиќ може да каже дека Северна Македонија дури и го смени името за да го деблокира патот за евроатлантска интеграција, а официјална Софија сега го кочи. Во право е и Вучиќ кога го тврди тоа. Прашањето е како да се реши овој проблем“,
вели Џозеф.
Тој оценува дека зближувањето меѓу албанскиот премиер Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ не е „здраво“.
„Регионалниот економски пазар е многу важен за сите земји, но не може да се постигне без европски демократски вредности. Напротив, тоа може да биде опасно“,
рече Џозеф.
Посочувајќи дека економската нормализација, според пристапот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, дава одредени придобивки, Џозеф нагласува дека вистинската пречка за економскиот раст во регионот е од политичка природа. Затоа, постои отпор од Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина за приклучување кон „Отворен Балкан“.
Според Џозеф, Вучиќ ја претставува Србија како клучен западен партнер во регионот, иако тоа не е.
„Всушност, станува збор за фактор на дестабилизација. Не можете да бидете партнер на Западот и во исто време да го промовирате „српскиот свет“, бидејќи овие две работи се некомпатибилни. Не можете да бидете западен партнер додека ги промовирате Си Џинпинг и Владимир Путин и влегувате во стратешко партнерство со Кина и Русија“,
вели Џозеф во интервјуто за РСЕ.