Северна Македонија и Албанија не треба да се одвојуват на нивниот пат кон интеграцијата во Европска Унија, изјави француската амбасадорка во Албанија, Елизабет Барсак. Според Барсак, желбата за раздвојување на Северна Македонија и Република Албанија на патот кон интеграцијата доаѓа од фрустрацијата поради ветото на Бугарија за Северна Македонија.
„Верувам дека треба да ја надминеме идејата дека овие два народа можат да се разделат. Знам дека многумина велат дека овие две земји биле третирани како една и бидејќи работите не одат толку добро меѓу Северна Македонија и Бугарија, тогаш тие треба да се раздвојат. Ова треба да се надмине и треба да дадеме се од себе за да може двете меѓувладини конференции да се одржат во исто време“,
рече Барсак.
Албанскиот премиер, Еди Рама, за време на неговото последно обраќање до нацијата во 2021 година, на 31 декември, рече дека ќе се обиде да го одвои патот на Албанија од Северна Македонија, доколку Бугарија опстои на своето вето. Европските дипломати и политичари, меѓутоа, континуирано се изразуваат против овој предлог.
Иако и Албанија и С Македонија формално ги исполнија сите барања, во јуни, лани, Советот за општи работи на ЕУ не успеа да постигне договор за почеток на пристапните преговори со ЕУ, поради бугарското вето за С Македонија.
