Поради свлечиште и голем одрон на патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на десет километри пред Миладиновци, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри, информираат од АМСМ.
На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, а
АМСМ апелира да се вози внимателно, со прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.