Дебатата за изборот на новата влада траеше три часа. По изборот на владата, новоизбраниот премиер Кирил Петков заедно со министрите ќе оди во Советот на министри, каде техничката влада предводена од премиерот Стефан Јанев ќе им ја предаде власта
Со 134 гласа „за“ денеска 47. Народно собрание на Бугарија ја избра владата на премиерот Кирил Петков.
Бугарските пратеници имаа три последователни гласања: го одобри Кирил Петков за премиер, ја усвои структурата и го изгласа составот на Советот на министри. Во сите три гласања „за“ гласаа 134 од вкупно 238 пратеници.
Пратениците од ГЕРБ-СДС, Движењето за права и слободи и „Преродба“ гласаа „против“ новата бугарска Влада.
Дебатата за изборот на новата влада траеше три часа.
Премиерот Кирил Петков и новите министри положија заклетва, по што се интонираа и химните на Бугарија и ЕУ.
По изборот на владата во Народното собрание на Бугарија, новоизбраниот премиер Кирил Петков заедно со министрите ќе оди во Советот на министри, каде техничката влада предводена од премиерот Стефан Јанев ќе им ја предаде власта.
Владата на Петков, вклучувајќи го и него, брои 21 член и тоа:
- Кирил Петков – премиер
- Асен Василев – заменик-премиер за европски фондови и министер за финансии
- Борислав Сандов – заменик-премиер за климатски политики и министер за животна средина и води
- Калина Константинова – вицепремиерка за ефикасно владеење
- Корнелија Нинова – вицепремиерка и министерка за економија и индустрија
- Бојко Рашков – министер за внатрешни работи
- Николај Денков – министер за образование и наука
- Асена Сербезова – министерка за здравство
- Даниел Лорер – министер за иновации и развој
- Стефан Јанев – министер за одбрана
- Надежда Јорданова – министерка за правда
- Теодора Генчовска – министерка за надворешни работи
- Николај Сабев – министер за транспорт и врски
- Гроздан Караџов – министер за регионален развој
- Атанас Атанасов – министер за култура
- Радостин Василев – министер за млади и спорт
- Александар Николов – министер за енергетика
- Георги Гоков – министер за труд и социјална политика
- Христо Проданов – министер за туризам
- Иван Иванов – министер за земјоделие
- Божидар Божанов – министер за е-Влада