Според досегашниот партиски лидер, кој денеска ќе биде реизбран на функцијата, изминатите четири години биле период на реформи и трансформација на ВМРО-ДПМНЕ





Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави враќање на ВМРО-ДПМНЕ на власт и побара повторно предвремени парламентарни избори, на денешниот партиски конгрес на кој тој е единствен кандидат.
Тој рече дека изминатите четири години, колку што тој ја предводи партијата биле период на реформи и на трансформација.
„Денеска, после четири години, ВМРО-ДПМНЕ повторно е на победнички патеки. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ја има најголемата пратеничка група во парламентот, најголем број на градоначалници во општините, најголем број на советници. Но, за жал, поради политичката некултура која владее во Македонија, еве веќе четири години откако СДСМ е власт, се уште за кратко време ќе бидеме во опозиција и затоа инсистираме на брзи предвремени парламентарни избори. Затоа што народот треба да биде претставуван согласно тоа за што гласал, а народот гласаше на последните локални избори за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“,
рече Мицкоски.