По реизборот на Мицкоски за лидер, ќе бидат избрани и статутарна и комисија за надзор и финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ
Почнува 17. конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, во салата „Јане Сандански“ во Скопје,на кој се поканети и ќе земат учество 517 делегати, а единствен кандидатура поднесе досегашниот лидер на партијата Христијан Мицкоски, соопшти претпладнево партискиот генерален секретар Ѓорѓија Сајковски.
Тој рече и дека, по реизборот на Мицкоски за лидер, ќе бидат избрани и статутарна и комисија за надзор и финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така, ќе се донесе и ќе донесе и политички документ доктрина за идното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ, која опфаќа 16 теми.
„Од овој конгрес, убедени сме дека ќе излеземе уште посилни и пообединети и дека ќе донесеме нови победи за Македонија. Во изминатиот период државата е во тешка здравствена, енергетска, економска криза, за што нема одговорност“,
рече Сајковски.