Прибирањето дополнителни информации за вирусот ќе биде уште потешко, бидејќи и натаму недостигаат клучни информации, како тоа колку долго всушност се шири омикрон ширум светот
Јужноафриканските научници идентификуваа нова варијанта на вирусот ковид-19, а Светската здравствена организација (СЗО) му го даде името омикрон, но за овој сој научниците и натаму продолжуваат со истражувања.
Паниката околу новиот сој продолжи да се шири откако набргу беше идентификуван во 18 земји, што доведе до забрани за патувања, затворање граници, пад на акциите на берзите и загриженост во САД за време на празничниот викенд за тоа дека светот повторно се враќа во истата ситуација во која се најде и во март 2020 година.
Научниците во Јужна Африка и Боцвана открија повеќе случаи на омикрон досега, а во вторникот холандските власти, пак, објавија дека првиот случај на омикрон е детектиран во земјата уште 11 дена пред да биде откриен во Јужна Африка.
Тоа значи дека омикрон е широко распространет, но и мистериозен бидејќи за него уште никој ништо не знае. Здравствените органи сѐ уште испитуваат дали е позаразен од делта-варијантата, која се појави во текот на минатото лето.
„Она што научниците не го знаат, а треба да го откријат, всушност, е тоа колку бргу омикрон се пренесува од една личност кај друга. Дали може да го избегне имунитетот стекнат по пат на природна инфекција или со вакцина, како и тоа дали предизвикува посериозни заболувања? Потребни ни се повеќе податоци за омикрон“,
објаснува Ангела Расмусен, вирусолог во Меѓународниот центар за вакцини против ковид-19 во Канада.
Ова подразбира барање на геномски и епидемиолошки податоци, правење имунолошки разлики помеѓу соевите и собирање статистички податоци за инфекциите од омикрон и хоспитализациите предизвикани од овој сој.
Сѐ уште недостигаат клучни информации
Сето ова се чини ќе биде уште покомплицирано поради недостиг на клучни информации – колку долго всушност се шири омикрон ширум светот.

„Вирусот веројатно е
„Идентификуван е токму во време кога започнува побргу да се шири и во период кога сите беа фокусирани на делта-сојот“,
вели Џон Конор, микробиолог од Универзитетот во Бостон.
Ако е ова навистина само почеток, тогаш сите кои што се заболени од омикрон и натаму би можеле да претставуваат една цврсто поврзана група, демографски или биолошки. Поради тоа, оваа варијанта може да изгледа уште поопасно, бидејќи бргу се пренесува или предизвикува потешки симптоми на болеста. За да ги откријат овие работи, научниците би требало да спроведат „форензичко сметководство“, за да утврдат како се движеле брановите на делта-сојот и да направат споредба и да утврдат што точно се случува со омикрон.
„Колку можеме да згрешиме ако процениме дека станува збор за делта-сој во ист период кога ќе го препознаеме и сојот омикрон?“,
прашува Метју Ферари, директор на Центарот за заразни болести во Универзитетот „Пен Стејт“.

Потребно е многу време да се открие што всушност омикрон предизвикува кај заболените
Следниот збунувачки факт е тоа што сидата и натаму е распространета во повеќе делови од Африка, каде што многу заразени луѓе немаат пристап до антивирусни лекови.
Тоа би можело да значи синергија на болеста, некој чиј имунитет ја поткопал болеста би можел да биде инкубатор за нови мутации, како што тоа се случи минатата година со пациент во Велика Британија.
„Кај некое лице со силен имунолошки систем вирусот ќе може да еволуира краток период пред имунолошкиот систем на личност да го уништи. Но, знаеме дека кај луѓето со послаб имунитет вирусот многу бргу се шири. Ова е утешителен факт, бидејќи еволуцискиот притисок на вирусот предизвикува нешто што е навистина одлично за човештвото во целина“,
вели Ана Берштејн, доцент на Медицинскиот факултет „НИУ Гросмен“.