За да се идентификуваат загинатите македонски државјани, бугарскиот тим ќе добие и ДНК-профили на роднините на жртвите за да ги спореди со ДНК-профилите на жртвите за што поскоро да ги идентификува
Екипа од шест истражители од бугарската национална истражна служба и тројца обвинители од Окружното обвинителство во Перник ќе работат на предистражната постапка за тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“, во која загинаа 45 наши граѓани.
Ова за „24 Часа“ го изјавила Сијка Милева, портпарол на јавниот обвинител на Бугарија. Како што јави МИА од Софија, ова се должи на меѓународниот аспект на случајот.
Во рамките на меѓународната правна соработка, прецизирани се најкратките можни рокови за доставување на потребните документи. Во оваа насока, главниот обвинител од Бугарија Иван Гешев ќе испрати до Скопје обвинител и истражител од тимот, кои ќе го достават барањето за правна помош до Обвинителството на Република Северна Македонија. Со оглед на брзината и ефикасноста, тимот лично ќе ги добие потребните документи, додаде Милева.
За да се идентификуваат загинатите македонски државјани, бугарскиот тим ќе добие и ДНК-профили на роднините на жртвите за да ги спореди со ДНК-профилите на жртвите за што поскоро да ги идентификува.
Главниот обвинител на Бугарија Иван Гешев е во постојана комуникација со државниот обвинител Љубомир Јовески. Обвинителството на Бугарија работи на утврдување на причините за тешката несреќа, како и на брзо идентификување на телата на загинатите македонските државјани.