Советот има 45 места, а за мнозинство се потребни 23 советнички места. Според најавите од претходно, ВМРО-ДПМНЕ ќе формира мнозинство со Левица
За денеска во 11 часот во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) е закажана конститутивната седница на новиот Совет на Град Скопје.
На дневен ред се избор на претседател и членови на Комисијата за верификација, мандатни прашања, признанија, претставки и поплаки на Советот на Град Скопје, извештајот на Комисијата со верификација на мандатите на членовите и избор на претседател на Советот на Град Скопје.
Според резултатите од локалните избори во октомври, во градското собрание ќе има советници од шест политички партии односно коалиции и од една независна кандидатска листа
Најмногу советници има ВМРО-ДПМНЕ – 18, потоа следуваат СДСМ – 12, ДУИ – пет, Левица – четири и по две советнички места имаат Алијанса за Албанците и Алтернатива, ЛДП/ДОМ и Зелен хуман град.
Советот има 45 места, а за мнозинство се потребни 23 советнички места. Според најавите од претходно, ВМРО-ДПМНЕ ќе формира мнозинство со Левица.