Кандидатот на ДУИ освои 4 291 што е за 138 гласа повеќе од противкандидатот од АА и Алтернатива кој освои 4 153 гласа
Според првичните резултати на Државната изборна комисија (ДИК), кандидатот на ДУИ, Хекуран Дука, победи во вториот круг од гласањето за градоначалник во Дебар каде што противкандидат му беше Беким Поцеста од Алијанса за Албанците и Алтернатива.
На 100 отсто обработени гласови, Дука има 4 291 што е за 138 гласа повеќе од Поцеста кој освои 4 153 гласа.
Од запишаните 19 211 лица со право на глас, на 27 гласачки места ова право го оствариле 8 636 или околу 45 отсто.