Кандидатот за градоначалник од ДУИ, подржан од СДСМ и коалицијата, вечерва прогласи победа по вториот круг од гласањето што се одржа денеска, неофицијално со 136 гласови повеќе од неговот против кандидат Беким Поцеста од Алијанса за Албанците/Алтернатива подржан од ВМРО-ДПМНЕ. Во моментов на страната на Државната изборна комисија од обработени околу 40 проценти од избирачките места за Дука гласале 1399, а за Поцеста 1360.
Во и пред изборниот штаб на огранокот на ДУИ се слави, со сирени од автомобили, со огномет и зурли и тапани.
Пред насобраните се обрати шефот на Изборниот штаб Артин Спахиу, кој рече дека тие се партија која се грижи за сите, чии цели се НАТО и ЕУ а на македонски се заблагодари и за „ безрезервната подршка на СДСМ“.
Кусо се обрати и министерот за економија Крешник Бектеши, кој рече дека Дебар и дебрани секогаш знаеле да го изберат она што е најдобро за нив и вети продолжување на подршката од централната власт.
„Драги и почитувани мои сограѓани од срце ви благодарам за подршката што ми ја дадовте и во следните четири години да бидат на чело на општината. Верувам во Бога и во Вас и заедно општината ќе ја направиме подобро место, онака како што заслужува Дебар. Како и до сега и во иднина ќе бидам градоначалник на сите, независно од национална, верска, партиска или било каква припадност. Сега ве повикувам да прославиме, достоинствено без никакви провокации на плоштадот Скендербег, а од утре да ги засукаме ракавите и ќе работите во оставрување на ветеното“,
рече Дука.
Тој, татко на градот беше и во изминатите две и пол години, кога дебрани му ја дадоа довербата на вонредните локални избори на 21 април 2019, што беа спроведени по смртта на Ружди Љата, кој почина во ноември 2018 година по кусо и тешко боледување.
Дука по занимање е лекар специјалист-уролог, вработен во општата болница со прошрена дејност во Дебар, оженет е и е татко на три деца.