Пратеникот Кастриот Реџепи, кој го урна планот на опозицијата за уривање на Владата, се обрати со видео-порака на ,,Фејсбук” по тврдењата на лидерот на БЕСА, Билал Касами, и други пратеници дека е киднапиран.
Во обраќањето, Реџепи вели:
,,Почитувани граѓани, најпрво Ви благодарам на сите за поддршката. Стабилноста и безбедноста на државата, како и мирот и благосостојбата на нашиот народ мора да ни бидат најважни од се.
Билал Касами и другите, да не се грижат за мене.
Јас сум на сигурно, на вистинската страна, на страната на албанскиот народ и на страната на сите граѓани во Северна Македонија кои сакаат мир, стабилност и демократија. Јас сум со ЕУ и НАТО, а не со анти-албанците.
Ви го зборувам ова со чиста совест, а штом ги одминам ризиците кои ми доаѓаат како закана од некои индивидуи, ќе се појавам пред медиумите и ќе објаснам се.
Секогаш ќе се стремиме кон слободата на говорот и слободата при носењето одлуки, кои се вредности на демократските општества.
Бог да ги благослови Албанците, Македонците и сите други што живеат во Република Северна Македонија. Ви благодарам.”