Во новото издание на емисијата „360 степени“, емитувано на 8 ноември 2021 г. на ТВ Алсат, се анализира изборот пред кој е исправена партијата на Африм Гаши, која има четворица пратеници, а по најавата на еден од нив – Скендер Реџепи-Зејд, дека не сака неговиот потпис да стои блиску до оние на Левица во контекст на иницијативата за гласање (не)доверба на Владата
Во ова издание на „360 степени“ објавуваме:
-кратко интервју со пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејд (за ТВ Алсат);
-изјава од портпаролот на Алтернатива, Орхан Муртезани, по состанокот на раководството на партијата;
-кратко интервју со пратеничката на ЛДП, Моника Зајкова;
-интервју со аналитичарот Сефер Селими за политичката драма и можните сценарија;
-интервју со Јанис Армаколас, истражувач на ЕЛИАМЕП од Грција, за ставот на грчката влада при евентуално недоследно спроведуње на Договорот од Преспа;
-сторија за комплицираните математики за составување мнозинство во советите во Тетово, Куманово и во Центар;
-мини-документарец за историјата на борбата против корупцијата од независноста до денес;
-нова ,,Саботажа”.