Експертите на СЗО препорачаа вакцината да се користи во две дози, со тоа што втората доза да се аплицира четири недели по првата за сите возрасни групи постари од 18 години

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека ја одобрила за итна употреба индиската вакцина „Коваксин“ против ковид-19 произведена од „Барат биотек“ (Bharat Biotech).
„Техничката советодавна група утврди дека вакцината ‘Коваксин’ ги исполнува стандардите на СЗО за заштита од ковид-19, дека придобивките од вакцината многу ги надминуваат ризиците и оти вакцината може да се користи“,
објави СЗО на Твитер.
Експертите на СЗО препорачаа вакцината да се користи во две дози, со тоа што втората доза да се аплицира четири недели по првата за сите возрасни групи постари од 18 години.
Вакцината сега ќе може и да се извезува.
„Коваксин“ е седма вакцина против ковид-19 одобрена од СЗО. Досега зелено светло добија: „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“, „Астра Зенека“, „Џонсон и Џонсон“ и кинеските „Синовак“ и „Синофарм“.