Од ова здружение на иселениците посочуваат дека тие повеќепати побарале оставка од Заев – во март 2018 година, откако македонското Собрание го изгласа Законот за јазиците, во јуни 2018 година по потпишувањето на Договорот од Преспа и во септември 2018 година по референдум за промена на името
Оставката на Заев е одамна задоцнета, велат од Обединетата македонска дијаспора (ОМД) во денешното соопштение во кое ја коментираат најавената оставка на премиерот Зоран Заев по резултатите од вториот круг од локалните избори.
Од ова здружение на иселениците посочуваат дека тие повеќепати побарале оставка од Заев – во март 2018 година, откако македонското Собрание го изгласа Законот за јазиците, во јуни 2018 година по потпишувањето на Договорот од Преспа и во септември 2018 година по референдум за промена на името.
ОМД уште еднаш ги потенцираат причините за тоа – како што го ословуваат, таканаречениот Договор за добрососедски односи со Бугарија, на Договорот од Преспа со Грција и на законот за јазиците во Македонија.
„ОМД јавно ги истакна штетните импликации што ќе ги има усвојувањето на секоја од овие мерки врз македонската нација-држава и идентитет“,
велат од ОМД.
Понатаму во писмената изјава, од ОМД велат дека Заев повеќепати ја игнорирал волјата на македонскиот народ за неговиот идентитет.
„Во својот говор за оставка, тој го употреби терминот ‘прогресивен’ за да се опише себеси и оние кои ги поддржаа неговите распарчени постапки. Сепак, нема ништо прогресивно во тргувањето со името, историјата и идентитетот на една земја, ниту пак негирање на човековите права на македонскиот народ. Од неуставната промена на името, македонскиот идентитет секојдневно се оспорува на секое ниво. Употребата на ‘северномакедонски’ е неконтролирана во глобалните медиуми и влади ширум светот. Македонците немаа ни трошка корист од ниту една непромислена политика на Заев. Всушност, тие дури и повеќе заостанаа во постигнувањето одржлива економска и политичка стабилност“,
истакнуваат од ОМД.
Од оваа организација посочуваат дека тие постојано се противеле на промената на името и ја истакнуваат кампањата „Ние сме Македонија“ која, како што велат, собрала 150 000 луѓе на повеќе од 40 светски митинзи.
„ОМД ќе го користи само вистинското уставно име на македонскиот народ и нација во однос на нашата татковина. Тоа е и секогаш ќе биде Македонија“,
велат од ОМД и упатуваат честитки до избраните градоначалници, а особено до независната кандидатка Данела Арсовска – првата жена избрана за градоначалник на главниот град Скопје, а моментално една од двете избрани жени градоначалници во земјава.
„ОМД долго време е поборник за родова еднаквост. Благодарност е што многу извонредни жени моментално служат во неговиот Управен одбор, обезбедувајќи ги своите уникатни и вредни сознанија за нашите приоритети и насоки. Искуството на ОМД, црпено од талентите на разновиден пресек на Македонци, ја нагласува потребата повеќе жени да бидат вклучени во јавниот живот на Македонија и нејзината иднина“,
велат од организацијата.