Рокот за поднесување приговори за вториот изборен круг од локалните избори, што се одржа завчера, истекува утре во 14 часот
Заклучно со 10 часот денеска, до Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени седум приговори од партијата ТМРО.
Како што информира ДИК, приговорите се однесуваат на постапката за сумирање и утврдување на резултатите во седум избирачки места (1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181) во општина Старо Нагоричане.
Рокот за поднесување приговори за вториот изборен круг од локалните избори, што се одржа завчера, истекува утре во 14 часот.