На еден час по полноќ, на Државната изборна комисија не и се избројани уште неколку гласачки места. Но и без нив, веќе е речиси целосно јасно кои се победниците по општини.
Ако нема промени, според податоците објавени на интернет страницата на Државната изборна комисија апсолутен победник во вториот круг е ВМРО-ДПМНЕ. Најголемата опозициска партија денеска освои 20 градоначалнички места:
- Битола;
- Ресен;
- Охрид;
- Демир Хисар;
- Вевчани;
- Македонски Брод;
- Брвеница;
- Зелениково;
- Лозово;
- Гевгелија;
- Конче;
- Василево;
- Радовиш;
- Ново Село;
- Пехчево;
- Чешиново-Облешево;
- Кочани;
- Македонска Каменица;
- Кратово и
- Ранковце.
Владејачката СДСМ, пак, успеа да победи само во седум, пред се во помали општини.
- Демир Капија;
- Росоман;
- Чашка;
- Центар;
- Чучер Сандево;
- Старо Нагоричане и
- Пробиштип.
Ист број на градоначалници како СДСМ, во вториот круг, освои Демократската унија за интеграција. Партијата, според неофицијалните резултати на Државната изобрна комисија освои седум градоначалнички места во вториот круг:
- Арачиново;
- Чаир;
- Теарце;
- Боговиње;
- Долнени;
- Кичево и
- Струга.
Две општини, во вториот круг, освои Алијансата за Албанците/Алтернатива:
- Гостивар и
- Врапчиште.
И Беса освои две општини:
- Тетово и
- Желино.
Едно градоначалничко место има ДПА:
- Студеничани.
Едно место доби и коалицијата на ДОМ со ЛДП:
- Шуто Оризари.
Четири општини, пак, добија независни кандидати:
- Град Скопје – Данела Арсовска;
- Дебарца – Зоран Ногачески;
- Карпош – Стевчо Јакимовски и
- Куманово – Максим Димитриевски.