Кандидатот на СДСМ за градоначалник на скопски Центар, Горан Герасимовски, објави победа во вториот круг од локалните избори.
„Центар останува во вистински раце, победуваме убедливо со речиси 2000 гласа разлика! Сакам да им заблагодарам на сите граѓани кои денес излегоа и ни ја дадоа поддршката. Центар останува демократска и отворена општина. Веќе од утре започнуваме со работа да ја оправдаме довербата и да продолжиме да ја развиваме општината и да го подигнуваме квалитетот на животот за центарци. Во оваа пригода сакам да им се заблагодарам и на сите кандидати кои беа дел од изборите во Општина Центар и за демократскиот изборен ден”,
напиша Герасимовски на својот фејсбук-профил.
Центар, засега, е единствената општина во Скопје за која владејачкиот СДСМ објави победа.