Владејачката ДУИ смета дека денешниот изборен ден поминал во мирна атмосфера и дека Северна Македонија покажала дека станува зрела демократија.
„Сакам да им честитам на сите избрани на претставници на локалната власт, независно од која партија доаѓаат. Имавме успешни избори и тоа е севкупен политички успех, со што покажавме дека сме зрела демократија, членка на НАТО и земја што треба да ги почне пристапните преговори со ЕУ“,
изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
Според Османи, очекувањата на неговата партија се дека резултатите во вториот круг ќе ја потврдат тенденцијата од пред две недели и ќе покажат силна поддршка за кандидатите на ДУИ.