Излезноста на вториот круг од локалните избори до 15 часот е поголема за речиси 3 проценти од првиот изборен круг. Досега своето право на глас го оставариле 34,22 отсто од запишаните избирачи, за разлика од првиот круг кога одѕивот беше 31,47 отсто.
Според претседателот на ДИК, Александар Даштевски изборите се одвиваат во мирна атмосфера без проблеми. Тој очекува во таков амбиент да заврши целиот избирорен ден.
Највисока излезност има повторно во Вевчани каде своето право на глас го искористиле 66,54 отсто од гласачите. Најмалку гласачи излегле на избирачките места во Сарај, каде до 15 часот гласале 16,38 отсто од запишаните избирачи.