Денеска, кога се избираат градоначалници во 43 општини плус градот Скопје, одѕивот во првите два часа, според последните податоци од ДИК, е 5,19 проценти наспроти 3, 64 отсто на 17 октомври, кога се гласаше во 81 единица на локалната самоуправа
Значително поголема излезност се забележува во првите два часа од гласањето во вториот круг од локалните избори во споредба со првиот круг, на 17 октомври, кога се гласаше во 80 општини и во градот Скопје и, освен градоначалници, се избираа и советници во општините.
Денеска, кога се избираат градоначалници во 43 општини плус за градот Скопје, одѕивот до 9 часот, според последните податоци од ДИК, од обработени над 97 проценти гласови и избирачки места, е 5,19 проценти. Пред две седмици, пак, излезноста до 9 часот била над 3,5 проценти, поточно 3,64 отсто од обработени околу 95 проценти гласови и избирачки места.
Вкупниот број на избирачи за овие локални избори е 1 824 864, од кои 63 485, на 17 октомври, го исполнија своето гласачко право до 9 часот.
Денеска, пак, вкупната бројка на излезени гласачи во првите два часа е 67 576 од вкупно 1 335 556 избирачи во чии општини има втор круг за избор на градоначалници.