Шеесет и седумгодишен кумановец загина за време на лов во атарот на село Габреш, откако го застрелал друг ловџија, информираше СВР Куманово.
„Утрово во 08:00 часот во СВР Куманово педесет и деветгодишниот И.С. од Куманово пријавил дека во село Габреш во месноста Островица, пукајќи во лов го застрелал Ч.Р.(67) од село Лопате. Од страна на Брза помош е констатирано дека лицето починало, а увидот е сè уште во тек“,
информираа денеска од СВР Куманово.
Од МВР најавија повеќе информации за случајот по завршување на увидот.