Кандидатот за градоначалник за Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски, во вечерашната дебата на „360 степени“ рече дека за него претстои тешка задача, бидејќи актуелниот граодначалник и негов против кандидат, Максим Димитриевски, не ги реализирал ветените проекти од пред четири години.
„Граѓаните знаат што е изградено во Куманово и со тоа не може да се манипулира. Зошто ние викаме ‘ќе’? Затоа што сите проекти кои беа ветени во 2017 година не се реализирани, а тоа се инфраструктура, животна средина, чист воздух, шеталишта, зелени површини, справување со отпад, катни гаражи, пешачки патеки, нема детален урбанистички план…Затоа јас ја имам сега најтешката задача, а тоа е да ги реализирам и проектите што не ги реализира Максим Димитриевски, а дополнително да реализираме нови“,
рече Илиевски.
Димитриевски пак реплицираше дека во неговиот мандат изградени се 13 нови спортски игралишта, а вели дека ќе продолжи да вложува и во подобрување на условите во училиштата.
„Вчера видов една прес-конференција која е хипокризија невидена. Луѓето кои се на власт веќе 20 години во Куманово го блокираат процесот за изградба на нова гимназија ‘Сами Фрешери’ и решавањето на проблемот на учениците, го обвинуваат градоначалникот (мене) на кого не му одговараат на ниту едно писмено барање за ставање на средства во буџетот за градба на ова училиште. Велат дека немало детален убанистички проект, но еве го идејниот проект за гимназијата, локациите се определени, но ресорните министри и од ДУИ и од СДСМ не мрднаа со прст. Затоа, ние ќе го градиме ова училиште со соптвени средстваа и со помош на граѓаните“,
реплицираше Димитриевски.