Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (25 октомври 2021 г.) од 21:50 часот на ТВ Алсат
Во „360 степени“ објавуваме:
-Вредеше ли да се потрошат 11 милиони евра за уредите за биометриска идентификација – трагаме по причините за проблемите при гласањето во првиот круг од локалните избори;
-Изборите за градоначалник во Маврово-Ростуше и Центар Жупа не успеаја: Треба ли да остане законскиот услов за најмалку една третина излезност – кратко интервју со Марко Кртолица, доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“;
-Прашањето за родова еднаквост и (не)дискриминација на ЛГБТИ-припадниците во безбедносно-разузнавачкиот сектор во Северна Македонија: Како е во НАТО-членките, а како кај нас;
-На секои 100 килограми отпад од пакување во земјава, само за 60 килограми некој плаќа тој да биде собран. Остатокот годишно изнесува околу 40 000 тони – мрежа од домашни и меѓународни актери работи на подобрување на состојбата;
-„Саботажа“.
Емисијата почнува во 21:50 часот на ТВ Алсат.