Како што истакна Шилегов, таа е резултат на она што пред четири години го започнаа, а тоа беше дека сите пари коишто ќе ги земат од паркирањето на возилата овде на Водно, ќе се вложуваат во Водно
Љубителните на велосипедизмот денеска првпат возеа по новата вело шумска патека која се движи низ Средно Водно. Според градоначалникот Петре Шилегов, со оваа патека Средно Водно е поврзано со центарот на градот.

„Оваа патека значи дека функционално го комплетиравме проектот Вело Водно со што нашата омилена скопска планина Водно станува функционална рекреативна и туристичка зона“,
рече Шилегов.
Патеката е долга 3,5 километри, широка околу 3 метри, а косините се лесно совладливи. Како што истакна Шилегов, таа е резултат на она што пред четири години го започнаа, а тоа беше дека сите пари коишто ќе ги земат од паркирањето на возилата овде на Водно, ќе се вложуваат во Водно.

„Сите средства коишто ги набавивме од паркингот ги вложивме во изминатите две години во овие две велосипедски патеки. Кога ја правеме оваа патека не исековме ниту едно дрво, напротив расчистувавме само ниска вегетација“,
посочи Шилегов.