Претседателот на СДСМ вечерва во Скопје најави промена во односот на сите партиски, локални и државни функционери кон граѓаните: Секој што пријавил проблем добива одговор, фидбек, а ако некој не добие соодветна услуга, ќе светне црвено на компјутерот и одма се знае кој затаил, кој не работи како што треба
Слободоумните граѓани на Скопје знаат да одржат лекција, но знаат и кога им се потребни на својот град и држава. Ги знаат и своите одговорности. Затоа прогресивното граѓанство на 31 октомври ќе гласа за прогрес, бидејќи тоа е неговата и нашата лична идеологија, рече вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанскиот собир во Скопје, на кој говореше и актуелниот градоначалник на Скопје и кандидат за уште еден мандат Петре Шилегов.

Тој додаде дека не треба да ги убедува прогресивните и слободоумни граѓани во разликите помеѓу СДСМ и режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи оваа Влада, како што рече, не ги дели луѓето на наши и други, не го подрива соживотот, туку верува и го остварува концептот „Едно општество за сите“, во кое сите имаат исти права, но и подлежат на исти обврски пред законите и државата.
„Прогресивното граѓанско тело знае да поддржи, но знае и да предупреди и да одржи лекција. По тоа се разликува и ние, голема е разликата од ВМРО-ДПМНЕ до нас. Дали можете да се сетите на некое раководство кое било толку критично кон себе и го разбирало и уважувало граѓанскиот глас и веднаш се корегирало? Скопјани, ние ве разбравме и постапуваме“,
кажа Заев.
Неопходно е обединување
Како лидер на СДСМ, Заев вечерва побара поддршка од сите граѓани за како што рече, заедничка прогресивна иднина, за Скопје европски град, Скопје кое сплотува и работи за граѓаните, за Северна Македонија, европска држава, достојна членка на НАТО, меѓу демократските земји која испорачува мир, а сите ние европски граѓани, и заклучи:
„Можно е, остварливо е, неопходно е обединување“.
Тој ги повика сите да се издигнат над личните очекувања и кочниците кои, како шти реше, сите ќе не вратат назад, да ги претвориме во силата која ќе повлече напред.
„Со еден чекор сме горе на планината и ќе поставиме уште едно победничко знаме на слободата, напредокот и интеграциите. Но со другиот сме назад во 2016, а кој знае можеби и во 2001, во ризици, неизвесност криза и изолација“,
кажа Заев, додавајќи дека последниот сантиметар до целта е најтежок бидејќи успехот се чини на дофат и сме најкомотни и тогаш ризикот за да се лизнеме надолу е најголем.

Тој рече дека последниот сантиметар до целта е најтежок бидејќи успехот се чини на дофат и сме најкомотни и тогаш ризикот за да се лизнеме надолу е најголем.
„Кочниците кои ни ги поставуваат другите и дома и надвор се тешки, но со нив знаеме да се справуваме. Но како ќе се справиме со самите себе кога на 1 ноември би се разбудиле со сознанието дека сами сме поставиле кочници на среќата на свето дете, на прогресивната иднина на својата земја и дека Скопје не го срушил земјотрес, туку од невнимание и разединетост преку Скопје не повлекле во провалија, тие кои го нагрдија и му ја одземаа душата“,
рече Заев.
Секој граѓанин заслужува одговор
Претседателот на СДСМ вечерва во Скопје најави промена во односот на сите партиски, локални и државни функционери кон граѓаните.
„Излегоа проблемите на виделина – фрчат пораки со проблемите на луѓето – тргнуваме со нов систем каде секој граѓанин ќе добие одговор – прво дека пријавата или поплаката или барањето се примени, а веднаш потоа и упатување од секоја институција како ќе се решава проблемот. Систем другари. Правила и процедури. Секој што пријавил проблем добива одговор, фидбек. Ама секој. Без разлика кој е. Систем услуги кој оди рамо до рамо со дигитализацијата. А ако некој не добие соодветна услуга, ќе светне црвено на компјутерот и одма се знае кој затаил, кој не работи како што треба“,
кажа Заев.
На денешниот собир со граѓаните на Скопје, пред пруситните се обратија советничката на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје, атлетичарката Дрита Исљами, актерот Дениз Абдула и музичарот Мирко Попов.